Вардар и официјално ќе ја има поддршката од “Новоматик“ и во следната сезона. Како што денеска беше објавено на пресот, дека се потпишува нов еднодишен договор меѓу оваа реномирана компанија и нашиот најтроофеен клуб. Се разбира дека оваа соработка е продолжена на обострано задоволство.
Петар Пенчев, претставникот на “Новоматик“ имаше свое видување:
„Новоматик продолжува со поддршка на националната гордост, Вардар. Нас ни е особена чест што ја продолжуваме соработката со најдобриот клуб во Македонија. Потпишан е нов договор за еден милион евра годишно. Пред три месеци станавме партнери и на ФФМ, вложени се преку три милиони евра. Спонзори сме и на РК Вардар, МЗТ Скопје, ФК Кожув, се грижиме за иднината на највисоко ниво“ посочи Пенчев и продолжи:
“Мора да кажам дека сме пријатно изненадени од успехот на Вардар во изминатиот шампионат. Ние влеговме со искрени намери во ова партнерство, и сме много среќни што Вардар со наша помош успеа да го освои Купот на Македонија“.
Капитенот на Вардар, Горан Закариќ покрај другото истакна:
“Импресивни се заложбите на Новоматик да ги поддржи плановите на спортскиот колектив и менаџментот на ФК Вардар. Секоја компанија која инвестира во спортот, инвестира во здрава и просперитатна младина“.