ФФМ им посака среќа и успех на нашите клубови во фудбалска Европа!(ФОТО)

122

Во пресрет на стартот на новата сезона во европските натпреварувања, Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот, Масар Омерагиќ, им посака среќа и успех на нашите клубови кои ќе настапат во фудбалска Европа.

Така тоа се прави.

Уште вечерва Шкендија ја “отвара“ сезоната со првиот меч и тоа на гости во Велс, кај ТНС во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Во четврток три наши екипи ќе ги одиграат своите први мечеви во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Вардар игра дома, на Арената во Скопје, против составот на Ла Фиорита од Сан Марино. Работнички му гостува на Торпедо Белаз од Белорусија, овој меч се игра во Унгарија, додека Силекс игра кај Дечиќ во Црна Гора.

Се разбира дека секој нивни успех, секоја победа и пласман во следната фаза во фудбалска Европа и тоа како ќе биде добредојден за сите во мак – фудбалот.

ПретходноПелистер ќе се “тестира“ со Струга ТЛ, Егалео, Охрид…(ФОТО)
СледноСКП полуфинале: Челзи е на чекор до финалето, ама се прашува и Флуминензе!