По денешниот натпревар со Струга Трим Лум кој заврши 1:1 големо незадоволство владее во кавадаречката фудбалска јавност поради слабите резултати или поконкретно клубот по пет кола нема победа и е претпоследен на табелата во ПМФЛ.
Незадоволството ескалираше после денешниот натпревар, а дека клупата на Пане Блажевски и тоа како се дрма доказ е фејсбук статусот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој за понеделник најави итен состанок на кој ќе се разгледува работата на тренерот и играчкиот кадар.
Дали тоа значи дека по пет кола во најсилната македонска лига Блажевски ќе добие отказ останува да видиме.