Силекс против Дечиќ, во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе го одигра својот 21 меч во фудбалска Европа. Секако дека тука не ги сметаме резултатите од натпреварите во Интер – Тото купот, ако се знае дека таму немаше ранкинг поени.
И веднаш да кажеме еден неверојатен податок. Иако клубот од Кратово важи за еден од нашите најтрофејни, сепак Силекс досега само еднаш во Европа успеал да мине едно коло.
И тоа пред три децении, кога во таа далечна 1995 година, кратовци во квалификациите во Купот на Куповите, успеа да го елиминира тимот на ВАЦ од Унгарија со вкупни 4:2.
Па така си закажа двомеч со Борусија Менхенгладбах, се играше во Скопје.
Исто така за паметење е гостувањето на Бриж во Кратово, кога е забележана најголемата посета во историјата на клубот.
Инаку од тие 20 меча, Силекс забележал само четири победи, исто така има 4 нерешени и 12 порази.
Низ историјата Силекс не се прославил играјќи во Европа.
Да се надеваме дека на средбите со Дечиќ ќе биде поинаку, и дека конечно по пауза од три децении, ќе го тргне проклетството и дека ќе успее да обезбеди пласман во следната фаза.
Последен пат Силекс во Европа играше летото во 2021 кога беше елиминиран од Петрокуб од Молдавија.
ФОТО: ФК Силекс/ФБ