Она што беше најавено пред неколку дена, утринава доби и официјализација. Фудбалската репрезентација на Македонија на најновата ФИФА ранкинг листа ја подобри својата позиција за пет места. Поточно, од 67. место на кое што бевме досега,„скокаме“ на 62.
Белгија и Казахстан ни обезбедија добар пласман
Секако, ова е благодарение на успехот кој што Македонија го имаше во јунскиот квалификациски прозорец, кога на домашен терен во рамките од Мундијалските квалификации обезбедивме бод во ремито против Белгија, а три дена подоцна во Астана, успеавме да оствариме триумф од 0:1 против Казахстан.
Сето ова не постави на првата позиција на табелата во нашата група, со осум бодови од четири меча.
Следниот наш предизвик се вика Лихтенштајн на домашен терен на 7 септември.