Вечерва актуелниот освојувач на Купот на Македонија, најтрофејниот македонски фудбалски колектив ФК Вардар го игра првиот од двата меча од првото квалификациско коло од Конференциската лига против претставникот на Сан Марино, Ла Фиорита.
Ова е првиот европски излет на Вардар по неколку години, „црвено – црниот“ табор испишува нова страница од својата историја.
На чело со тренерот Гоце Седлоски кој што повторно е на чело на тимот. Беше и во 2015 година, минаа десетина години од тогаш, а Гоце Седлоски во меѓувреме стана еден од најтрофејните тренери на клубот и човекот кој што остава сериозен белег.
Конкретно, денеска на Арената, Седлоски ќе го одработи стотиот меч на клупата на Вардар. Неговата „црвено – црна“ одисеја стартуваше во јули 2015 година, и ете стигна до „стотката“ што се вели.
Седлоски има обезбедено 55 победи на досегашните 99 меча на клупата на Вардар.