И Агон Елези пред трансфер во Сараево?! (ФОТО)

261

Покрај Стефан Ристовски за кој се знае дека веќе има договор со Сараево, се чини дека овој клуб во следната сезона ќе има уште еден наш фудбалер, и тоа репрезентативец.

Станува збор за Агон Елези. Играчот за врска кој е под договор со Бохум, во пролетниот дел беше на позајмица во хрватскиот клуб Горица.

Се вели дека преговорите биле во напредна фаза, останува само да се прецизираат уште некои детали.

Со доаѓањето на Крсте Велкоски за спортски директор на овој клуб, јасно е дека ќе се зголеми колонијата на македонски фудбалери во “бордо“ тимот.

Претходно„Секогаш ќе бидам за македонските играчи, но не можеме да им го одземе правото на клубовите“
СледноВо пресрет на дуелот со Ла Фиорита: Вардар од 16 февруари на официјални мечеви е без пораз!