Билетите за реваншот натпреварот меѓу Работнички и Торпедо-Белаз во квалификациите за Конференциската лига, се пуштени во продажба преку онлајн плафтормата на МК Тикетс, информираа од редовите на „романтичарите“.
На денот на натпреварот, четврток (17.07) од 14 часот, ќе можат да се купат и на билетарницата на Арената „Тодор Проески“.
Дотогаш, билетите по цена од 200 денари за Северната трибина можат да се купат онлајн. На првата средба во Унгарија, Работнички беше поразен со убедливи 3:0.