Дурански во Сан Марино прослави 34. години (ВИДЕО)

221

СпортСпорт во Сан Марино, Огнен Чак Дојчиновски

Денеска е последниот ден на екипата на Вардар во Сан Марино. Синоќа со ремито 2:2 против домашната Ла Фиорита и вкупните 2:5 е остварен пласман во второто коло од квалификациите за Лигата на Конферецнции.

Вардар неколку дена престојуваше во оваа мала но гостопримлива земја. Сега е време за збогум, а како последна „точка“ во планот на „црвено – црните“ за ова гостување беше прославата на роденденот на Филип Дурански синоќа.

По дуелот со Ла Фиорита на вечерата потоа, Дурански како и Азер Омерагиќ претходно доби роденденска торта со која му се честиташе среќниот ден од страна на клубот.

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија е еден од ветераните во клубот што се вели, но сеуште е битен дел од мозаикот на Гоце Седлоски.

ПретходноПродолжи „црвено – црната“ серија: Вардар и Седлоски дваесет меча во серија без пораз
СледноТимот на газдата на Манчестер Јунајтед е следниот ривал на Вардар