СпортСпорт во Сан Марино, Огнен Чак Дојчиновски
Ла Фиорита и двобојот со екипата од Сан Марино од утринава е минато за екипата на ФК Вардар. Освојувачот на Купот на Македонија, и воедно најтрофеен фудбалски наш фудбалски колектив се пласираше во второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, каде што вкрстува со екипата на Лозана од Швајцарија.
Сериозен предизвик кој што во себе крие еден неодоливо за нас интересен факт и податок кој само дополнително го зголемува нашиот интерес за следниот противник на „црвено – црните“.
Тимот на Лозана заврши како петтти во минатогодишниот швајцарски шампионат и е сериозно квалитетен тим.
Она што е важно да се напомене е дека од 13 ноември 2017 година, овој клуб е во сопственост на Инеос, мешовитата британско швајцарска компанија специјализирана во петрохемиската индустрија, која што пак е во сопственост на Џим Ретлиф. Секако, добро познат во јавноста како сопственик и на гигантот Манчестер Јунајтед.
Просто речено, следниот ривал на Вардар го има истиот сопственик како и тимот од Олд Трафорд. Човекот кој што пробува да го спаси Јунајтед од годините агонија во функционирањето очигледно дека на мирко план тоа се обидува да го стори и со тимот на Лозана. Да го направи еден од главните играчи во швајцарскиот шампионат.
Европа играна последен пат во 2011 година
Што се однесува пак до европските настапи, тимот на Лозана последен пат бил дел од европските натпреварувања во 2011 година кога бил дел од групната фаза од Лигата на Европа.
Интересно е што Лозана во 2023 година се врати во најјелитното фудбалско друштво во Швајцарија.