Тимот на Работнички ги заврши евро настапите ова лето. Во првото квалификациско коло од Лигата на Конференции, „Романтичарите“ вчера и официјално испаднаа од конуренцијата со вкупниот пораз од 4:0 против тимот на Торпедо од Белорусија.
За Работнички секако дека ова е само еден плус повеќе во насока на искуството и собирање што е можно повеќе минутажа на високо ниво. Младата екипа секако дека има потреба од такво нешто, за да домашниот ПМФЛ шампионато изгледа полесно.
„Од искуството во Европа се учи многу“ – порача Работнички пред малку преку социјалните мрежи, потврдувајќи ја токму оваа констатација. Дека секој излез во Европа колку и да кратко трае носи добри неша кои мора да се искористат во периодот кој што следува на вистинскиот начин.