Познато е дека во рамките на 2.квалификациско коло во ЛШ, Шкендија прво игра дома со ФЦСБ или некогашна Стеауа, и тоа во вторник во Скопје, а на 30 јули се игра возвратниот меч во Букурешт.
Инаку, барем според медиумите во Романија, тензиите и хаосот во ФЦСБ никако да престане по оној срамен пораз во Андора од Ескалдес кога славната Стеауа се провлече до второто коло и тоа со многу среќа.
Контроверзниот газда на клубот Џиџи Бекали не го крие својот револт, речиси секој ден има по нешто да каже на таа тема.
Прво се закани дека ќе избрка неколку играчи, за да потоа им порача на своите фудбалери и тренери дека ако треба тој ќе дојде на тренинзи и ќе ги води истите.
Исто така напомена дека размислува на наредните два меча, со Петролул утре и со Шкендија во вторник ќе ги казни првотимците и дека ќе играат резервистите.
Јасно е дека ова е само закана, но сепак кога е во прашање Бекали, се е можно.