Што се случува на Чаир:“Шверцери“ го прекинале денешниот тренинг на Шкупи! (ФОТО)

904
ФОТО: FC Skupi/FB

Не е тајна дека работите во Шкупи, во еден од нашите најголеми клубови веќе подолговреме не се како што треба. Шампионот од 2022 година никако не успева да ги среди работите. Си замина ова лето речиси цел тим, нема пари, а се доведуваат играчи од 5-6 лига од Германија и други земји.

Навивачката група “Шверцери“ веќе во неколку наврати истакнуваше дека не е задоволна од моменталната состојба, а денеска, барем како што самите се пофалија, тие го прекинале тренингот.

Еве што велат “Шверцери“ на социјалните мрежи:

Денес Шверцери го прекина тренингот на ФК „Шкуипи“!
Причина? Неискреност и бескрајни измами од страна на раководството на клубот!
Празни ветувања, одложени состаноци и целосно отсуство на почит кон оние кои го одржаа клубот во живот Шверцери!
Ние не сме гледачи, ние сме вистинскиот глас на Шкупи!
Нема фудбал без почит кон трибините!
Додека нема искреност и транспарентност, ништо не се одвива нормално.
Не го тестирајте нашето трпение, бидејќи историјата покажала кој одлучува во овој град…
ФК „Шкупи“ им припаѓа на скопјани, а не на измамници!“
пишаа Шверцери.

ПретходноЗа првпат после 12 години во Аргентина се враќаат гостинските навивачи
СледноТиквеш ги претстави новите дресови со кои ќе игра во сезоната 2025/26! (ФОТО)