Ако некој сака најмногу победа вечерва на Шкендија против ФЦСБ (Стеауа), тогаш тоа секако дека Камер Ќака, искусниот играч за врска. Имено за тие што не знаат, тој во 2018 години дојде во романскиот гигант, одигра само седум мечеви и по само два месеци на барање на фаммозниот газда на клубот, Џиџи Бекали, мораше да си замине.
Секако дека Ќака во пресрет на вечерашниот меч Шкендија – ФЦСБ и реваншот следната недела во Букурешт, беше доста баран од медиумите во Романија, но тој како голем професионалец изјавуваше дека нема да бара одмазда, дека ја почитува Стеауа, не кажа ништо лошо за Бекали, но исто така не заборави да каже дека сега е среќен во Шкендија и дека посакува добар резултат за својот сегашен клуб.
Инаку Ќака е роден во Косово, но своите први фудбалски чекори ги прави во Норвешка каде играше во неколку клубови.
Во 2017 година се пресели во Романија каде прво играше за Поли Јаши за да во 2018 година за 400.000 евра потпиша за ФЦСБ (Стеауа), но како што рековме не се задржа премногу.
Интересно Ќака во Шкендија дојде во зимскиот преоден рок во 2021 за да потоа по година и половина се пресели во Мезоковесд, за да пред две години повторно се врати во Тетово.
Има и четири настапи за селекција на Албанија, а вечерва ќе биде еден од адутите на тренерот Јетон Беќири против ФЦСБ.