И официјално, Шабан Сулејман од денеска не е веќе тренер на Шкендија Арачиново, клуб кој во следната сезона ќе настапува во второлигашкото друштво. Токму Сулејман го внесе тимот од Арачиново во ВМФЛ и тоа по долги години пауза.
Еве што се вели во официјалното соопштение на клубот:
„Со меѓусебен договор, денес одлучивме да се разделиме со нашиот
тренер, Шабан Сулејман. КФ Шкендија 77 од срце му се заблагодарува на тренерот Сулејман за неговиот придонес, посветеност и професионална работа што ја даде во овој период. Тој секогаш ќе остане дел од нашата историја и ќе ја негува почитта и благодарноста на нашиот клуб и навивачите“ се вели во соопштението.