Официјално: Ал-Наср се пофали со Жоао Феликс!

64
ФОТО: FC Al-Nasr/X

Лесно беше да се одлучиш кога си Жоао Феликс, еден од најголемите таленти во свое време во фудбалска Португалија, кој никогаш не успеа да се докаже на најголема сцена. Играше и за Атлетико Мадрид, Барселона, Челзи и Милан ама ништо.

И кога Бенфика одлучи да го врати дома, тој радосно рече ДА, за да по неколку дена ја прифати понудата на Ал-Наср од 18 милиони евра нето годишно.

Е, па, секако дека не е исто да земаш три или 18 милиони евра нето годишно, а и да играш заедно со Кристијано Роналдо.

Во секој случај денеска овој трансфер е реализиран. Пребогатиот Саудиски клуб се пофали со потписот на Жоао Феликс.

ПретходноГРК Охрид широко гледа кон 3. коло во Европскиот Куп
СледноСмртта на 9-годишен фудбалер ја потресе Англија!(ФОТО)