Македонската кошаркарска репрезентација утре во Куманово ја пречекува Романија во првиот претквалификациите за СП 2027, дуелот стартуваа со почеток во 20 часот.
Селекторот Марјан Илиевски за овој циклус на располагање ќе има млади кошаркари, започнува процесот на подмладување. Преку дуелите со Романија и Унгарија ќе имаме слика за иднината на овој спорт.
„Можеби често се повторувам, со мојот заклучок во краток временски период има многу промени, репрезентација е драстично промената, кратко време сме заедно, во однос на моите очекувања од резултатите. Можам да бидам задоволен од пристапот на играчите во овој временски период. Сликата која ја имаме од двата пријателски меча против Швајцарија која е позитивна, не треба да се потпреме на неа, не треба да гледаме на работите еуфорично. Овие играчи кои се во репрезeнтацијата со гордост ќе го носат дресот на утрешниот меч, сигурен сум дека пред полна сала ќе го дадат својот максимум. Енергија, младоста и желба за победа ќе биде присутни на утрешниот меч“, изјави Марјан Илиевски, селекторот на најдобрата кошаркарска репрезентација.
Што се однесува до противникот, Романија,
„Ќе настапат без странец, станува збор за екипа составена од играчи кои се искусни и имаат минути во тимовите за кои настапуваат, ќе мора да внимаваме на високите играчи, нивниот систем е игра под кошевите, иако не застанува физикалијата во однос на транзицијата. Ќе бидеме насочени малку повеќе кон Кате, таму доаѓа најголемата опасност, но сите пет играчи играат кошарка. Ќе бидеме свртени кон себе, кон сето она што треба да одиграме, во сето она во што ќе треба да напредуваме“, рече Илиевски.