Кадетките славеа против Ф.Острови!

66

Македонската женска кадетска селекција успеа да слави денеска против соодветната селекција на Ф. Острови со резултат 31:28. Ова беше меч за разугрување за 21.место и со оваа победа тие се во игра за опстанок во елитата на ЕП.

Треба да се каже дека тоа беше победа и тоа по голем пресврт, ако се знае дека кадетките по првото полувреме беа во минус од 7 голови, беше 10:17 за противникот.

Но затоа во второто полувреме Македонија одигра како што треба и успеа на крајот да победи. Трифуновска со 10 голови секако беше МВП на мечот.

За да се остане во елитата ќе треба победа над победникот од мечот Турција – Романија.

ПретходноИсториска сезона: И во Македонија има ВАР благодарение на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ! (ФОТО)
СледноМасев е осуден на четири години затвор!