Црвена Звезда поведе со 2-0 во финалето на АБА лигата

49

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа екипата на Будуќност со 85:79 во вториот финален натпревар од плеј-офот во АБА-лигата и поведоа со 2-0 во серијата.

Тоа значи дека на белграѓани им е потребна само уште една победа за потврда на титулата.

Будуќност вечерва немаше решение за разиграниот Лојд и фантастичниот Добриќ, а доминацијата под кошот ја навести победата на белградскиот тим уште во првата четвртина.

Огњен Добриќ ја предводеше Звезда до победата со 27 поени, додека Лојд додаде 16, Ноко 15, Симоновиќ 10 поени. Кај Будуќност се истакна Николиќ со 26 поени.

ПретходноТрајковски и Мајорка се враќаат во Ла Лига!
СледноЧелзи го доби дербито со Лестер и зачекори кон потврда на место во ТОП 4 (ВИДЕО)