Дома Ракомет Домашно првенство Петковски за Хановер: Нема да калкулираме, одиме максимално!

Петковски за Хановер: Нема да калкулираме, одиме максимално!

60

Александар Петковски е еден од младите ракометари кои во РК Алкалоид бележат забележителен напредок на сите полиња како играчи. Зад себе остава тешка и многу успешна сезона во која неговите партии и реализацијата беа од многу големо значење низ европските пресметки по кои стигна првиот европски трофеј.

Сезонава треба да отиде чекор напред, ќе има повеќе можност да ротира и одмори во текот на натпреварите и тоа треба да го извади најдоброто од него на теренот. Почетокот е секогаш најтешкиот дел од подготовките, а Алкалоид денеска ја завршува фазата од подготовки што се работеше во Маврово.

„Имаме одлични услови во Маврово, тренираме напорно. Имаме и нови играчи, па сите заедно придонесуваме истите што побрзо да се вклопат во тимот“, вели Александар Петковски, кој очекува да бидата максимално подготвени и за Хановер во ЕХФ Европската лига и за домашната сцена.

„Рано е уште за калкулации, но едно е сигурно – ќе се подготвиме добро. Имаме тежок противник, но имаме и доволно време да се спремиме. Во клубот владее позитивна енергија, како што кажав без калкулации, одиме на максимум“.

Македонската Суперлига ќе биде уште поквалитетна од минатата сезона, следната сезона ќе има повеќе конкуренти за висок пласман. Но, ние не гледаме на тоа од тој агол, наша цел е да се спремиме максимално за секој натпревар и да одиграме на високо ниво“, вели Петковски.

ПретходноКадетите имаа предност од 15 поени, па загубија од Ирска
СледноПолувреме: Данев со убав гол за водство на Вардар во “Дербито на Македонија“!