Грчкиот лев бек Костас Цимикас, по се изгледа, ќе го напушти Ливерпул во наредните денови.
Тој не беше дел од составот што вчера се соочи со Кристал Палас во Комјунити Шилд. Милош Керкез, кој беше доведен од Борнмут, го започна натпреварот со Енди Робертсон на клупата. Како што стојат работите, Цимикас е трет избор на позицијата лев бек.
Пол Џојс од „Тајмс“ вчера објави дека Нотингем Форест се распрашувал за Цимикас и дека има интерес и од други клубови во Англија кои сакаат да го ангажираат грчкиот бек кој веќе 5 години го носи дресот на „црвените“.