Италијанскиот новинар Матео Морето објави дека македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски има три опции за да ја продолжи својата фудбалска кариера. Откако во Валенсија очигледно нема да биде прв избор за чувар на мрежата, Столе сега е на потег да избере нова средина.
Морето пишува дека Лил, Фенербахче и италијанска Џенова се заинтересирани за услугите на нашиот репрезентативец. Најголем интерес очигледно има од Фенербахче предводен од Мурињо, но отворени се и преостанатите две опции.
Засега нема потврда за евентуални понуди за позајмици или комплетен трансфер.