Напаѓачот на италијанската репрезентација Џакомо Распадори ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид. Трансферот на 25-годишниот фудбалер официјално го објави шпанскиот клуб.
Според медиумските извештаи, Наполи добил 22 милиони евра за трансферот.
Распадори ги помина медицинските прегледи, а потоа потпиша петгодишен договор со „јорганџиите“.
Распадори се пресели во Наполи од Сасуоло во летото 2022 година. Наполитанците за него платија 5 милиони евра за позајмица. Една година подоцна, напаѓачот беше откупен за 28 милиони евра.