ФОТО НА КОЛОТО: Куманово сака фудбал, прволигашки!

526
ФОТО: KF Baskimi/FB

По речиси 15 години пауза, Башкими одново е во елитата на мак – фудбалот. Клубот кој пред 20 години го освои Купот на Македонија, а играше и во Европа, и тоа како е заслужен што Куманово одново е прволигашки град, се разбира дека тука мислиме на Башкими кој во саботата го дочека дебитантот Арсими во меч кој заврши без победник, 1:1.

Ама вреди да се спомене дека трибината на стадионот беше преполна, дека имаше најмалку 3,500 гледачи, дека беше тоа вистинско фудбалско уживање.

Сега, беше малку повеќе топличко, ама сега не може се да биде идеално.

Нема што, убаво е кога трибините се преполни и сите фанови се дојдени да гледаат наш, прволигашки фудбал.

ПретходноКоментар на 1.коло: Фаворитите тргнаа силно, историја во ПМФЛ, убаво е вака секој ден прволигашки фудбал!
СледноПолувреме: Карабах ја наполни мрежата на Шкендија!