Барселона со 13-годишно момче во првиот тим за новата сезона

212

Кошаркарскиот гигант Барселона следната сезона ќе има момче од 13 години во својот прв тим. Според Рамон Паломар од „Спорт“, Мохамед Дабоне, 13-годишната ѕвезда на Барселона висок 210 сантиметри ќе се приклучи на првиот тим заедно со 17-годишниот Сајон Кеита, центар висок 212 см.

„Барселона сака Мохамед Дабоне и Сајон Кеита да имаат истакната улога следната сезона, па затоа ќе почнат да работат со остатокот од тимот“, рече Паломар.

И двајцата учествуваа на младинскиот турнир на Евролигата во Абу Даби оваа година. Дабоне, играјќи против многу постари противници, имаше просек од 12 поени, 7,3 скока и 1,3 блокади. Дабоне стана сензација во Шпанија. Во финалето на Младинскиот куп на АЦБ против своите врсници од Реал Мадрид, тој забележа 22 поени, 26 скока и индекс на корисност од 48.

ПретходноЃоргиев пред денешниот дуел со Грција: Да се биде или не, тоа е нашиот менталитет
СледноМитревски: Ќе излеземе на терен и ќе дадеме се од себе