Алкалоид убедлив против Дубочица!

131

Екипата на Алкалоид ја започна последната фаза од подготовките за претстојната сезона. Во оваа фаза, четата на стратегот Кирил Лазаров ќе одигра и неколку контролни натпревари со екипи од Хрватска, Србија и Словенија.

Актуелниот победник на ЕХФ Европскиот Куп, за прв противник ја имаше екипата на Дубочица од Србија. Тоа беше натпревар кој се играше во три третини, и Алкалоид впиша убедлива победа со резултат 49:32, а тренерот Лазаров им даде шанса на сите свои расположиви ракометари.

Следниот ривал на Алкалоид во текот на овие подготовки ќе биде составот на Сесвете. Додека првиот официјален меч во новата сезона, Алкалоид ќе го одигра на 31 август, на гостински терен кај бундеслигашката екипа Хановер – Бургдорф.

ПретходноВраќање од соништата за Икарди (ВИДЕО)
СледноФК Пелистер ќе продава специјален дрес!(ФОТО)