Агон Елези со повреда, неизвесен е за септемвриските мечеви на А-репрезентацијата!

110
фото: FK Sarajevo (Facebook)

Вчера на мечот меѓу Сараево и Посушје, уште во првите минути од средбата нашиот репрезентативец и член на “бордо“ тимот, Агон Елези се повреди па мораше да биде заменет.

Како што по мечот објасни стратегот Хусреф Мусемиќ, македонскиот репрезентативец се здобил со повреда на рамото, односно го исчашил рамото. Секако дека таквиот вид на повреди наложуваат и мирување со оглед на тоа дека се и многу болни.

Проблемот е во тоа што веќе на почетокот на следниот месец, нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе игра пријателска со С. Арабија во Прага а потоа и квалификациска за ЕП со Лихтенштајн.

Прашање е дали Елези ќе заздрави од повредата во следните десетина дена.

ПретходноБеќири по мечот во Ѓорче: “Непријатно сум изненаден од лошиот терен во Ѓорче!“
СледноХанси Флик: “Воопшто не ми се допадна како игравме, ќе мора да поразговарам со играчите“!(ВИДЕО)