Гаштаров за Спортспорт: Да се дебитира за Црвена Звезда е фантастично!!!

113

Матеј Гаштаров, македонскиот младински репрезентативец до 21. година, викендов ќе го памети цел живот. Дебитираше за првиот тим на Црвена Звезда на гостувањето кај Младост Лучани во победата од 1:4.

Тимот на Црвена Звезда е во екот на квалификациите за Лигата на Шампионите, во вторник белграѓани го играат првиот од двата дуела против кипарски Пафос. Па така, викендов, стручниот штаб на Звезда калкулираше со составот, односно ги чуваше првотимците за она што следува во вторник, а на дуелот со Младост шанса им даде на неколку младинци.

Токму меѓу нив се најде и Матеј Гаштаров нашиот млад интернационалец, кој по одличните партии за младинскиот тим на Црвена Звезда дочека деби за првиот тим. Во 88. минута од мечот на местото на Владимир Лучиќ, Гаптаров беше повикан да влезе во игра.

„Па како може да се чуваствувам. Фантастично. Да се дебитира за Црвена Звезда во оваа силна конкуренција секако дека е заодовлство, привилегија, но и одговорност. Секако и награда за се што сработев, истренирав, одиграв досега во кариерата. Да се стигне до тука не беше лесно, напротив. Само јас знам колку вложувам и колку се трудам на секој натпревар. Но тоа, во Црвена Звезда и тоа како се цени гледате и самите. Добив шанса да дебитирам, и овој меч, овој момент ќе го помнам цел живот“ – вели Матеј Гаштаров за Спортспорт, па продолжува.

„Не знаев дали ќе добијам шанса, искрено се надевав, а кога тренерот ме повика, чувството беше неверојатно. Горд сум на самиот себе, но и на сите околу мене кои што ми помогнаа да стигнам до тука. Ова е само почеток, старт на нешто многу убаво за мене. Ветувам дека ќе сторам се за да моето присуство во првиот тим на Црвена Звезда биде консанта, дека ќе направам се за да бидам стандарден член на овој тим и да ги остварам своите желби, соништа и амбиции. Благодарам на сите кои веруваат во мене“ – додава Гаштаров.

 

ПретходноЛина поразена во финалето во Куршумлијска бања!
СледноВолтемаде во Штутгарт ќе игра за 2,5 милиони евра годишно, во Баeрн ќе земаше 7,5 милиони!