Македонија нема да биде дел од квалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар, но има уште една шанса да дојде до првата победа во претквалификациите.
Во среда навечер, од 19.часот, во салата на СРЦ „Кале“, ќе ни гостува репрезентацијата на Унгарија. Екипа која беше подобра од нашата на домашен терен во Солнок, во наттпревар во кој покажаа квалитет, веројатно не така висок, за конечниот епилог по оние 40.минути во „Тисалигети Арената“.
Овие последните, во Скопје, се и шанса за нашиот млад, сериозно хендикепиран состав, да покаже дека нешто „научил“ во овој „школски“ месец август, дека „пораснал“, макар и малку, во пресрет на она што доаѓа веќе оваа зима, „европските предизвици“.
Ќе биде уште потешко, ако се земе в предвид дека стручниот штаб на нашата сениорска селекција предводен од Марјан Илиевски, нема да може да смета на еден од најискусните, Адем Мекиќ, кој има повреда на десното колоно, надвор од тимот е и Марко Миловановиќ (има здравствени проблеми).
„Најавеното на првиот наш прес беше тоа, да градиме тим за иднината. Меѓутоа мора да земеме еден факт кој е поразителен и ме загрижува, тоа е за ноемврискиот прозорец, е што се запознаваме овој месец, сите овие играчи не играат во едно високо натпреварување, или клубовите не играат меѓународни натпреварувања, па играчите немаат одредена улога во тимовите. Може да се случи она што не краси како енергија сега, да го продолжиме понатаму. Играчите кои се овде покажаа одредени квалитети, мислам дека требаа да имаат простор да добијат шанса во своите клубови, па така и клубовите да добијат од нив, но и ние како репрезентација, затоа што овие играчи не се штедат воопшто и се големи борци и работници“.
Илиевски додава дека е потребно време за некои работи во тимот бидат поставени на нешто повисоко ниво од постоечкото:
„Треба да земеме предвид дека се што минавме во еден временски период, беше во доста краток за сите ние кои сме дел од оваа репрезентација. Она кое што го мислевме уште првиот ден е дека играчите кои одговорија на нашиот повик, тренираат максимално коректно и го даваат својот максимум.
Во разговорот кој го имавме со нив во текот на целиот тој тренажен процес е малата минутажа која ја имаат во клубовите за да може да дадат повисок квалитет.
Забележително е од самиот почеток до сега е дека има одреден напредок, она кое јас го напоменав претходно е дека ќе не краси таа тимска енергија. Таа енергија е производ на она што е создадено како хемија во изминатиот краток период.
Квалитетот кој не го поседуваме во напад е нешто што во клучните моменти ни одредува мечот да „оди“ кај поискусната екипа, Тоа беше случај на претходните два меча со Романија. Ние работиме на самодовербата кај играчите, за да не допира до нив цел оној наш менталитет како јавност. Сето она кое тие го добиваат со разговор и тренажен процес, е работа за да добијат самодоверба која и тоа како им е потребна“
На крајот и за она што следува во сред навечер, дуелот со Унгарија:
„Мечот кој ни е последен со Унгарија не ни значи резултатски ниту на нас, ниту на нив, но ние од самиот почеток кажавме дека секој дуел кој ќе го имаме, па дури и оној на тренинг меѓу двете петорки, ќе биде од големо значење за сите, па така на секој меч гледаме го извадиме нашиот максимум. Па дај Боже и да победиме. На хартија сме далеку понеквалитетна екипа од Унгарија, во однос на искуство и на заеднички години, но ќе се бориме.
За екипата на Унгарија, таа е најискусна екипа и игра најдобра кошарка. Тие погодија се, ние имавме лош шут за три поени и вкупно реализација. Задоволен сум, без никакво правдање на нештата. Ќе стојам зад овие играчи, се додека го даваат максимумот и го почитуваат стручниот штаб, ќе ја имаат мојата поддршка“ – порачува селекторот Илиевски.