Летниот преоден рок во Англија синоќа беше официјално заклучен на полноќ. Во тој период, клубовите имаа шанса да регистрираат нови засилувања, па дел од членовите на елитата успејаа да го фатат последниот воз за да додадат уште малку „гориво“ во своите тимски погони пред продолжението на штотуку започнатата сезона.
Во продолжение, листата на реализирани трансфери во англиското елитно друштво во вчерашниот ден, практично до завршувањето на периодот за регистрација.
Саул Нигез [Атлетико Мадрид – Челзи] позајмица
Саломон Рондон [Далиан – Евертон] слободен трансфер
Такехиро Томијасу [Болоња – Арсенал]
Одсон Едуард [Селтик – Кристал Палас] 14 милиони фунти
Алекс Крал [Спартак Москва – Вест Хем] позајмица
Емерсон Ројал [Барселона – Тотенхем] 25,8 милиони фунти
Адемола Лукман [РБ Лајпциг – Лестер] позајмица
Абдалах Сима [Славија Прага – Брајтон] (веднаш позајмен на Стоук)
Даниел Џејмс [Манчестер Јунајтед – Лидс Јунајтед] 25 милиони фунти
Сантијаго Муноз [Сантос Лагуна – Њукасл] позајмица
Конор Робертс [Свонси – Барнли]
Марк Кукурела [Хетафе – Брајтон] 15,4 милиони фунти
Кристијано Роналдо [Јувентус – Манчестер Јунајтед] 12,85 милиони фунти
Никола Влашиќ [ЦСКА Москва – Вест Хем]