У21: Денеска во Краков почнува новиот циклус квалификации за младите фудбалери

151

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, денеска во Краков ги започнува квалификациите за Европското првенство во 2027 година. Прв ривал за избраниците на селекторот Горан Станиќ е селекцијата на Полска.

Нашите млади фудбалери со доза оптимизам заминаа на ова гостување, очекувајќи во новиот циклус да се престават во најдобро светло. Селекторот истакна дека целиот фокус е на денешниот дуел.

„Како стручен штаб, фокусирани сме на Полска, имаме тежок гостински натпреавар на отворањето на квалификациите, но верувам во нашиот тим. Имаме капацитет, но се разбира, мора сериозно да се подготвиме и максимално да го искористиме краткиот период за подготовки. Се надевам дека сите на прав начин ќе ја сфатат својата улога во тимот. За мечот со Италија ќе размислуваме откако ќе се вратиме во Македонија“, потенцираше Станиќ.

Мечот во Краков стартува во 18 часот, а ќе го суди чешкиот судија Ручек.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ПОДДРШКА ЗА КОНЦЕРТОТ НА АНСАМБЛОТ NO BORDERS ORCHESTRA
СледноРоманецот Фешник на центарот за мечот со Лихтенштајн в недела