ФФМ до „Градот на Конзулите“: Битола, благодарност за прекрасната вечер (ВИДЕО)

321

Синоќа, по повеќе од трисет години, во Битола се одигра фудбалски натпревар од национален карактер. Поточно, во улога на домаќин беше нашата репрезентација до 21 година која што ја пречека Италија во рамките од второто квалификациско коло од тековните квалификации.

Нашиот национален тим загуби, со минимални 0:1, за што секако сме разочарани, но од друга страна сме горди што добиваме конечно по неколку децении повторно центар каде што ќе може македонските младински селекции, пред се онаа до 21. година да ги игра своите дуели на највисоко ниво.

Фудбалската Федерација на Македонија во изминатиот период направи се што е во нејзина моќ да го оспособи стадионот во Битола, „Петар Милошевски“ за меѓународни мечеви, а она што како претстава го видовме сите, треба да ја прави горда цела држава.

Денеска, преку видео, ФФМ и официјално и се заблагодари на Битола како град и на сиот организациски одбор за прекрасната вечер која сме сигурни ќе биде почеток на нешто прекрасно кое што ќе се случува во иднина.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД СКОПЈЕ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 6.903.339 ДЕНАРИ
СледноТухел постави ТОП рекорд како селектор на Англија