Екстра вест од Тетово: Тетекс се враќа на Градскиот стадион

522

Предмалку преку социјалните мрежи, тимот на Тетекс објави дека следнава сезона, во која што клубот е дел од ВМФЛ шампионатот, мечевите ќе ги игра на неговиот матичен стадион, на Градскиот стадион во Тетово.

Тетекс одамна веќе не е таму, со години своите мечеви ги играше на терените околу градот или пак на вештаќкото игралиште во Тетово, но сега еве новитет кој што ќе ги израдува навивачите на клубот.

Веќе следното коло, тимот на Тетекс ја пречекува Слога Виница на свој терен, а тоа ќе го стори на Градскиот стадион во Тетово.

ПретходноПроблем за Турција, повредата на Осман е сериозна
СледноКуп на Македонија: Тиквеш, Шкендија и Шкупи се пласираа во 1/8 финалето