Македонската женска репрезентација до 17 години денеска во Италија со натпревар против домашната репрезентација го отвора пријателскиот турнир на кои уште учествуваат селекциите на Словенија и Република Ирска.
Селекторката на нашата млада женска репрезентација, Катерина Милеска за турнирот во Италија смета на следните фудбалерки:
Голмани: Теа Сапунџиев (ЖФК Истатов), Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје);
Одбрана: Сара Димитровска (ЖФК Скопје), Лина Мицовска (ЖФК Кочани), Ихдина Речи (ЖФК Ас Јунајтед), Ема Нановска (ЖФК Истатов), Јована Стојанова (ЖФК Кочани), Блехана Алиевска (ЖФК Скопје), Арба Мерко (ЖФК АС Јунајтед);
Среден ред: Тамара Лазеска (ЖФК АС Јунајтед), Уна Јосевска (ЖФК Истатов), Нина Манасиева (ЖФК Кочани), Глорија Стојановска (Team AFF-FFV), Ноел Митревски (Nitros Toronto), Ана Марија Цветкоска (WFC Langhus);
Напад: Лана Спасовска (ЖФК Речица), Елена Наумоска (ЖФК Скопје), Христина Јовановска (ЖФК Каменица Саса), Марија Велиновска (ЖФК Кочани), Розита Пецева (ЖФК Тиверија);
*болдираните фудбалерки се во почетниот состав на Македонија за натпреварот со Италија од 15:00 часот.
На 12. и 14. септември, Македонија до 17 години ќе ги одигра натпреварите против Словенија и Република Ирска. Девојките предводени од Катерина Милеска се подготвуваат за квалификацискиот турнир, рунда 1, за пласман на ЕП до 17 години. На турнирот од 23. до 29. октомври, Хрватска е домаќин на Македонија, Италија и Финска.