Македонскиот интернационалец, Даниел Аврамовски е нов играч на тимот на Сиваспорт од Турција. Напаѓачот веќе извесен период е дел од турскиот шампионат, промени неколку клубови таму, а еве сега пристигнува и во клубот кој лани испадна од прволигашката конкуренција. Сега пак, со Аврамовски сезонава ќе се обиде да си го врати тој статус.
Досега беше дел и од екипите, на Кајсери, Игрир, Болуспор…. од друга страна пак настапуваше и за Војводина во Србија, Олимпија во Словенија, ОФК Београд, и секако Црвена Звезда.
Во домашниот шампионат пак беше дел од Македонија ЃП, од Работнички и Вардар, а беше дел и од онаа златна генерација на Македонија У21 која што учевствуваше на Европскиот шампионат во Полска во 2017. година.