Македонија со пад од едно место на најновата ФИФА ранг-листа

90
Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место на најновата ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Македонија се наоѓа на 63-тото место во овој поредок.

Боби Милевски и неговите избрааници после победата над Лихтенштајн се на првото место во квалификациите за Светското првенство кое во 2006 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, но свое влијание имаше поразот на пријателската средба со Саудиска Арабија.

Од противниците во нашата група, Белгија е на осмото место, Велс е 30-ти, додека Казахстан е на 118 место, Лихтенштајн е 204.

Врвот во овој светски поредок и припаѓа на Шпанија, следат Франција, Аргентина, Англија и Португалија.

ПретходноИгор Стефановски – Иџе во Хрватска ќе одбележи голем јубилеј – 200. трка во кариерата!
СледноПрвата лига стартува на 4. октомври: МЗТ Скопје одбраната на титулата ја почнува против дебитантот Маџари