„Романтичарите“ со прва победа сезонава (ФОТОГАЛЕРИЈА)

85

Екипата на Работнички повеќе не е на листата на оние тимови во домашниот ПМФЛ шампионат кои немаат победа. „Романтичарите“ во рамките од денешното шесто коло обезбедија три бода против тимот на Пелистер на Арената Тодор Проески во Скопје и на тој начин што се вели си симнаа голем товар од плеќите.

Оваа победа за Работнички едноставно мораше да се случи што побргу за да може тимот резултатски да напредува во периодот кој следува.

А Пелистер? По оној ужасен пораз од 0:4 против Арсими дома, сега втор очаен натпревар по ред и пораз од 3:0. Битолчани да се замислат каде им „плови бродот“, затоа што многу лесно може да се случи конкурентите да насоберат бодови кои значат стабилност и мирен од сезонава, а Пелистер да има статус на „давеник“ кој што нема да си ја знае судбината до последното коло.

 

 

ПретходноУ17: Втор пораз од селекцијата на Кипар
СледноМакедонија ќе биде домаќин на младинското Европско првенство во борење 2026