Како што и беше најавено претходно, Ракометната федерација на Македонија започна со акција „Ракометен караван“ каде низ неколку градови на Македонија, ќе се прави промоција на овој спорт во кој Македонија и тоа како има со што да се пофали.
Инаку денеска караванот тргна од Охрид каде се одржува “Трофејот на Македонија“!
„Денес сликите зборуваат повеќе од милион зборови.
Насмевките, енергијата и срцата на над 300 деца ја раскажаа најубавата приказна на нашиот прв Ракометен караван 2025. Секој кадар е доказ дека спортот носи љубов, среќа и магија“порачуваат од РФМ.