ВМФЛ: Скопје ја “распарчи“ Победа, Брегалница славеше во Македонска Каменица

277

Попладнево се одиграа сите осум средби од 5.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно беше на Автокоманда каде беа постигнати дури девет голови. Имено Скопје со 8:1 просто ја “распарчи“ Победа. Ова е голем срам за некогашниот двоен шампион на Македонија, на некогашниот наш фудбалски гигант.

Пиратите“ одиграа одлично и дојдоа до нови три бода.

Брегачница со 1:3 како гостин славеше во Македонска Каменица кај Саса. Со оваа победа “сините“ покажаа дека се во добра победничка форма.

Детонит и Шкендија Арачиново одиграа без голови, исто така немаше голови и на средбата Охрид – Кожуф.

Осогово очекувано со 2:0 славеше на гости кај Г. Коњари, додека Новаци со минимални 1:0 беше подобар од составот на Тетекс.

РЕЗУЛТАТИ – 5.КОЛО

Детонит – Шкендија (А) 0:0

Скопје – Победа 8:1

Г. Коњари – Осогово 0:2

Саса – Брегалница 1:3

Новаци – Тетекс 1:0

Охрид – Кожуф 0:0

Преспа – Вардар (Н) 1:2

Слога (В) – Беласица 1:2

Табела: Брегалница 13, Беласица 13, Кожуф 11, Шкендија (А) 11, Скопје 10, Новаци 9….

ПретходноЃорче слави на Чаир три бода, Шкупи и натаму е на “нула“! (ФОТО)
СледноКејн, Кејн, Кејн! Кој ли ќе го сопре Баерн Минхен?