Филип Мирчески ќе го „гаси пожарот“ во Победа

91
фото: ФК Победа Прилеп (Facebook)

Филип Мирчески е назначен за нов тренер на второлигашот Победа од Прилеп. По заминувањето на Стојанче Дунимаглоски и тренерот на голманите Дејан Кебакоски, прилепчани реагираа веднаш и го поставија 36-годишниот Мирчески за нов тренер на првиот тим.

Мирчески е некогашен капитен на Победа и 11 Октомври, прогласуван двапати за спортист на Прилеп, подоцна тренер во младинската екипа на Победа со која стана шампион на Македонија во сезоната 2021/22, а есента 2023 беше и шеф на Стручниот штаб во сениорскиот второлигашки тим, но и тренер којшто ја водеше генерацијата во Младинската лига на европските шампиони.

Мирчески попладнево го одржа тренингот со сениорскиот тим на Победа, кој во досегашните пет второлигашки меча освои само бод.

ПретходноПријателски натпревар: Престон го победи Вардар во Скопје
СледноУ15: Македонија со гостинска победа кај Косово