У15: Македонија со гостинска победа кај Косово

172

Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години на чело со селекторот Горан Станковски денеска на гостувањето кај Косово, во рамките на двата закажани пријателски дуели, забележа минимална но заслужена победа од 0:1.

Стрелец на единствениот гол за нашиот национален тим беше напаѓачот Јован Јанчевски. Младите репрезентативци на овој меч покажаа завидно ниво на квалитет во однос на врсниците од Косово, и само ја потврдија квалитетната и напорна работа во изминатиот период. На оваа генерација се направени неколку селективни кампови и е една од оние на кои што во иднина ќе сметаме сериозно да направи исчекор во некој од квалификациските циклуси.

Вториот дуел помеѓу Македонија У15 и Косово е закажан за в четврток од 13:00 часот, а истиот се игра на комплексот Петар Милошевски во Скопје.

Македонија: Стојковски, Зубери, Емини, Таневски, Рожајац, Аврамовски, Стојановски, Трајков, Јанчевски, Матески, Таири

ПретходноФилип Мирчески ќе го „гаси пожарот“ во Победа
СледноМурињо: “Да не работев ништо ќе земев повеќе пари, но ми недостига битка за титула“!