Вечерва цела Македонија живее за дербито – Вардар против Пелистер! Видеолотарија Касинос Австрија, како горд спонзор на црвено-црните, е со Вардар и во оваа голема битка.
Видеолотарија Касинос Австрија со гордост го поддржува македонскиот ракометен шампион РК Вардар, кој вечерва во рамки на 5. коло од Супер Машка Лига во ракомет, го игра големото дерби против својот вечен ривал, РК Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе се одржи во 19:00 часот во СЦ Јане Сандански, во големата сала.
Веруваме во тимот, во борбениот дух и во срцето на Вардар, кое никогаш не се предава. Денес повторно стоиме заедно – како едно семејство, со една цел: победа!
Нашата поддршка за Вардар е поддршка за спортот, за тимскиот дух и за победничката енергија која ја обединува цела Македонија. И оваа поддршка е дел од нашата мисијата да придонесеме за развој на македонската спортска култура и да ги охрабриме младите генерации да се посветат на спортскиот начин на живот.
Ајде Вардар, цела Македонија е со вас!