Конечно добри вести од Кавадарци, поточно од ФК Тиквеш. Клубот благодарение на градоначалникот Митко Јанчев почна и тоа како се консолидира,две плати се исплатени токму пред гостувањето викендов кај Силекс во Кратово.
Да потсетиме дека клубот беше во агонија повеќе од три месеци кога беше раководен од турскиот спонзор кој за целиот свој кус мандат не најде за сходно да подели барем една плата.