Мекгрегор: Ќе се бори во Белата куќа за 250-годишнината од САД

31

Конор МекГрегор, еден од најголемите суперѕвезди на УФЦ, конечно го потврди своето враќање. Како што најави, неговото враќање во октагонот ќе биде закажано за крајот на јуни 2026 година, една недела пред Денот на независноста на САД, кога настанот ќе се одржи во Белата куќа. Според Мекгрегор, преговорите веќе се завршени, а враќањето е официјално договорено.

„Договорено е, потпишано, испорачано“, рече Мекгрегор во интервју за Шон Ханити. Тој исто така нагласи дека е во постојана комуникација со претседателот на УФЦ, Ден Вајт, кој исто така го поддржа неговото враќање. Мекгрегор беше многу оптимист, а го истакна и фактот дека УФЦ потпиша неверојатен договор со Paramount вреден 7,7 милијарди долари.

Иако враќањето се најавува со голем ентузијазам, минатите обиди на Мекгрегор да се врати во октагонот честопати завршуваа со одложувања. Последен пат се бореше пред повеќе од четири години, но сега се чини дека сите разговори се завршени. Ако се појави, ќе поминат речиси пет години од неговата последна борба.

За противник, Мекгрегор го таргетира Мајкл Чендлер, но и таму може да има изненадувања.

ПретходноЛига на Конференции: Дрита на Зекирија Рамадан со реми во Финска, Лех ја покажа силата против Рапид
СледноАлисон паузира шест недели