По разделбата со Капинковски: Пелистер веќе го избра новиот тренер

955
фото: zurnal.rs

Откако од ФК Пелистер денеска објавија дека Димитар Капинковски е сменет од позицијата прв тренер на битолските „зелено-бели“, „СпортСпорт“ дознава дека веќе се знае и името на неговиот наследник.

На кормилото на битолскиот прволигаш треба да седне поранешниот македонски репрезентативец, Милан Стојаноски, кој имаше 26 настапи за нашиот национален тим, а по завршувањето на кариерата продолжи во тренерските води.

52-годишниот стратег, кој минатата сезона работеше во српскиот шампионат во екипата на ИМТ Нови Београд, а претходно исто така работеше и во екипата на Телеоптик, ќе биде нова крв во тренерските води во нашата Прва лига. За битолчани надеж дека клубот ќе ја прекине серијата лоши резултати и ќе им се врати на победите.

ПретходноОфицијално: Капинковски не е веќе тренер на Пелистер! (ФОТО)
СледноЃорче на мегдан со Елче, Металург Автокоманда против Сплит во ЕХФ Купот