Фит Фан Волеј поразен и во вториот меч на БВА Балканскиот куп

15
фото: balkanvolleyball.org

Одбојкарките на Фит Фан Волеј беа поразени и во вториот меч на БВА Балканскиот клупски куп.

Денеска во натпреварот од 2. коло, нашиот преставник загуби со 0:3 (10:25, 14:25, 12:25)  од домаќинот на турнирот косовска Дрита. Најефикасни во редовите на Фит Фан Волеј беа Бранислава Тасевска и Матеа Петровска со по шест поени.

Утре, во последното коло од 16:30 часот, македонскиот тим ќе се соочи со Херцег Нови од Црна Гора.

ПретходноМЗТ Скопје не блескаше, но со победа отвори во АБА2-лига
СледноСуперкупот на Шпанија од 7 до 11 јануари во Џеда