Консеисао се договори со Ал-Итихад

18

Поранешниот тренер на Милан, Серхио Консеисао е нов тренер на Ал-Итихад. Веста ја објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Поранешниот тренер на Милан и Порто потпишал договор со клубот од Саудиска Арабија до јуни 2027 година. Во Ал-Итихад, 50-годишниот Португалец го замени Лоран Блан, кој беше отпуштен кон крајот на септември.

По 4 кола, Ал-Итихад, за кој игра Карим Бензема, е на 3-то место во првенството на Саудиска Арабија.

ПретходноЦрвена звезда му подготвила отказ на Сферопулос
СледноУ17: Младите против Унгарија во Струмица денеска ги отвораат квалификациите за ЕП