ГРК Охрид и Тиквеш на европска сцена, Ројевиќ порача: Ќе го направиме градот среќен!

41
ФОТО: GRK Ohrid/FB

ГРК Охрид денеска ја почнува својата европска авантура. Македонскиот тим ќе игра двомеч против Баки на домашен терен во рамките на второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Првиот натпревар се игра денеска со почеток во 18 часот. Тренерот Борис Ројевиќ ги повика фановите да дојдат и да ги поддржат на двата меча.

„Би ги повикал сите навивачи кои би дошле да не поддржат во овој двомеч. Овие момци заслужуваат поддршка со она што го покажаа во нивната досегашна заедничка работа. Имаме високи амбиции во ЕХФ Купот и едвај чекаме да започнеме. Баки можеби е странец, но имаме материјал и успеавме да се подготвиме за средбата. Момците сигурно ќе бидат на високо ниво и ќе бидат мотивирани да го решат прашањето за победникот во првиот дел.

Мислам дека сме квалитетен тим. Работиме подобро и велам дека одбраната секогаш носи резултати. Со добра и самопожртвувана одбрана, можеме многу да добиеме. Ни треба уште малку време за она на што работиме да „легне“, ништо не оди брзо, но од натпревар во натпревар можеме да видиме подобрување. Се надевам дека одбраната ќе не разубави и ќе не однесе далеку во ова натпреварување. Само сакам навивачите да веруваат во нас, а ние ќе се вратиме со многу работа и ќе го направиме Охрид среќен“, рече Ројевиќ.

Покрај ГРК Охрид, денеска, но на гостински терен кај Бешикташ ќе гостува ГРК Тиквеш во натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп, мечот е закажан со почеток во 16 часот.

Актуелен првак на ЕХФ Европскиот Куп е Алкалоид.

ПретходноБратот на Јокиќ доби казна за тепачката на натпреварот со Денвер
СледноШпанецот Мунуера ќе ни суди на мечот со Казахстан!