Братот на Јокиќ доби казна за тепачката на натпреварот со Денвер

59

Страхиња Јокиќ, братот на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, е осуден на една година условна казна откако се изјасни за виновен за напад врз навивач за време на плејоф натпреварот на Денвер Нагетс во „Бол Арена 2024“. Канцеларијата на окружниот обвинител на Денвер ја потврди информацијата во објава на социјалните мрежи во петок, објави „Денвер Спортс“.

Инцидентот е снимен на вирално видео од социјалните мрежи, на кое се гледа како Страхиња удира навивач. На видеото се гледаат и неколку жени како се обидуваат да ја смират ситуацијата, вклучувајќи ја и сопругата на Никола, Наталија.

Според извештајот од тоа време, жртвата претрпел „очигледни исеченици и модринки“ во близина на левото око. Повредениот маж им кажал на полицајците дека нападот бил неиспровоциран и дека подоцна му е дијагностициран потрес на мозокот. Иако првично не поднел обвинение од страв од одмазда, подоцна се предомислил. Страхиња се бранел тврдејќи дека штити постар маж што го познавал.

Правната постапка завршила во петок наутро кога Јокиќ се изјаснил за виновен за нелегален влез и нарушување на јавниот ред и мир.

Окружниот обвинител на Денвер објави: „Страхиња Јокиќ денес се изјасни за виновен по една точка за нелегален влез и една точка за нарушување на јавниот ред и мир. Потоа судијката Кери Ломбарди го осуди Јокиќ на една година условна казна. На 22 април 2024 година, Јокиќ ја удрил жртвата во лицето на кошаркарскиот натпревар на Денвер Нагетс во Бол Арената.“

ПретходноОбјавена е листата на ѕвезди за кои Барселона им должи богатство на други клубови!
СледноГРК Охрид и Тиквеш на европска сцена, Ројевиќ порача: Ќе го направиме градот среќен!