Шпанецот Мунуера ќе ни суди на мечот со Казахстан!

84
ФОТО: Barca News 24x7/FB

Во понеделник (13.10), Македонија ќе го одигра својот последен меч на свој терен во тековните квалификации за пласман на СП 2026. Играме со Казахстан на Арената во Скопје со почеток од 20:45 часот.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на оваа средба.

За главен судија одреден е Хуан Мартинез Мунуера од Шпанија, додека негови помошници се Диего Барберо и Иван Масо Гранадо, додека четврти ќе биде Алехандро Муњиз Руиз.

Во ВАР собата ќе бидат, исто така Шпанците, Гиљермо Кварда Фернандез и Хавиер Иглесијас Вилануева.

ПретходноГРК Охрид и Тиквеш на европска сцена, Ројевиќ порача: Ќе го направиме градот среќен!
СледноНовак елиминиран во 1/2 финалето во Шангај од тотален анонимус!